| четврток, 6 декември 2018 |

Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже

Манчестер Јунајтед извлече реми синоќа на гостувањето кај Севилја во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Клубот од „Олд Трафорд“ скоро целиот натпревар беше во подредена улога и само благодарение на голманот Давид Де Хеа и лошата завршница на домашниот тим дојде до резултат од 0-0 со кој на реваншот ќе му треба било каква победа за пласман во следната фаза.

По дуелиот во Андалузија изјави и реакции во свој стил имаше Жозе Мурињо, кој меѓу другото посочи оти овој резултат е реален и ги отсликува случувањата на теренот. Ова го испровоцира германскиот стратег кој во моментов е спортски директор на Сент Паули, Евалд Лиенен кој без влакна на јазикот го поздрави „специјалниот“.

– Ако некогаш сум кажал такво срање како тренер, веднаш би се откажал од фудбалот. Неговото објаснување е навреда за сите кои го сакаат фудбалот. Ако има доволно пари нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже, истакнал Лиенен за „Скај Дојчланд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top