| четврток, 6 декември 2018 |

Класата е вечна, Буфон и одговори на ФИФА

Додека целиот свет е вчудоневиден од потегот на ФИФА да не го стави Џиџи Буфон на листата за најдобри фудбалери за 2015 година во категоријата на голмани, тој покажа дека е голем човек и надвор од теренот.
Иако освои двојна круна во Италија и играше во финалето на Лигата на шампионите, Буфон „не заслужи“ место меѓу најдобрите. Еден од најголемите фудбалери во историјата, Паоло Малдини со еден збор ја објасни одлуката на ФИФА, „Тие се луди“.

– Луѓето не се нормални. Па се виде што се одбрани во тоа финале Џиџи, да не напоменувам ништо друго – со негодување прокоментира Малдини.

По овој скандал се обрати и популарниот „Супермен“ кој е еден од најдобрите голмани во историјата и секако најдобар во 21.век.

– Искрено не ни знаев вчера дека ќе излезе листата. И потоа „БУМ“, започнаа милион телефонски повици, и станав тема на денот во Италија. Ако се прашувам јас, мене повеќе ми значи подршката која ја добив отколку да сум на таа листа – изјави Буфон.

Голманот на Јувентус и на италијанската репрезентација се обрати со писмо до своите подржувачи и го отвори срцето.

– Ајде да бидам потполно искрен. Негде длабоко во себе помислив дека ќе бидат на таа првична листа од пет најдобри голмани за минатата сезона – додаде „Супермен“

Сите се сеќаваат на 2006 година кога е нанесена уште една неправда кон овој фудбалер. Тој беше најголем кандидат за освојување на „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, но таа буквално му беше украдена поради тоа што е само голман! Во последен миг наградата ја доби неговиот добар пријател и капитен на Италија, Фабио Канаваро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top