| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата ќе ја одложи пензијата: Буфон и следната сезона на голот на Јувентус?

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ќе брани уште една сезона,доколку клубот и натаму смета дека им е потребен, соооштија утринава италијанските медиуми.

Пред неколку месеци тој соопшти дека ја игра последната сезона и дека во јуни ќе стави крај на долгата професионална кариера. Тогаш условот за да продолжи беше евентуалното освојување на Лигата на шампионите на Јувентус и можноста да игра на Светското клупско првенство.

Работите во меѓувреме се промениле, а извори блиски на клубот за италијанските медиуми тврдат дека Буфон во саботата, по дербито против Интер, зборувал со спортскиот директор и го известил дека е подготвен да остане на голот уште една сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top