| четврток, 6 декември 2018 |

Гатузо ја засрами девојката на Буфон: Употреби го јазикот за мене (видео)

Менаџерот на Милан, Џенаро Гатузо не го криеше задоволството по победата која ја оствари синоќа неговиот тим над Лацио во дербито кое се одигра на „Сан Сиро“. Но популарниот Рино се најде во фокусот на јавноста и поради пораката која ја испрати при вклучувањето во живо кое го имаше за „Скај Италија“.

Водителка на шоуто на италијанската телевизија беше атрактивната девојка на Буфон, Иларија Д’Амико, а откако таа го запраша дали Гатузо има подготвено некаков подарок за нејзиниот сакан по повод 40-от роденден кој вчера го славеше Џиџи доби неочекуван одговор од Гатузо.

Рино во свој стил смисли одговор експресно брзо, па и порача на Иларија да го употреби својот јазик во негово име и да му го честита роденденот на Буфон.

– Бакни го Буфон со јазикот од мене. Направи го тоа за мене и употреби го јазикот, низ смеа истакна Гатузо кој со својот одговор ја насмеа и истовремено ја засрами симпатичната девојка на Буфон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top