| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот шампион бара замена за Буфон: Куртоа можна опција за Јувентус

Како што јавуваат викендов италијанските медиуми, Јувентус се приклучил во трката за голманот на Челси, Тибо Куртоа. Белгиецот го привлече вниманието на Реал Мадрид и ПСЖ, а според последните информации и тимот од Торино е заинтересиран за овој голман.

Односот на Куртоа со тренерот на Челси, Антонио Конте, кој веќе од поодамна не е најдобат, дополнително ја зголемува можноста за трансфер одличниот Белгиец.

Иако Јуве летово го купи Пољакот Шчезни од Арсенал, тој најверојатно нема да биде прв голман откако Буфон ќе се повлече, па италијанскиот шампион до почетокот на следната сезона ќе биде во потрага по достојна замена за својата легенда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top