| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар одигра течно во дербито вечно и го декласира Пелистер (4-1)

Вардар лесно го доби вечното дерби на македонскиот фудбал против Пелистер и со предност од 4-1 ќе патува на реваншот од осминафиналето во националниот куп во Битола.

„Црвено-црните“ го решија мечот уште по првиот дел кога водеа со 3-0, а потоа во продолжението само рутински ја задржаа високата предност за реваншот против Пелистер. Дашјан, Велковски и Хамбарџумјан беа стрелци за Вардар во првите 45 минути. Потоа и двете екипи постигнаа по еден погодок, а „црвено-црните“ се апсолутни фаворити за пласман во четвртфиналето по победата од 4-1.

Актуелниот бранител на трофејот Работнички го декласира Гостивар со 4-0 на гостински терен и речиси сигурно ќе го продолжи походот кон нова куп титула. Убедливи беа и Шкендија против Металург (2-0), Брегалници со Шкупи (2-0), Турново со Скопје (3-1) и Младост Царев Двор кој го совлада Влазерими со 4-2 на гости. Силекс ја надигра Ренова на гостински терен и победи со 1-2, а возбудливо беше на второлигашкото дерби во Ѓорче Петров каде домашната Македонија славеше со 3-2 против Љубанци.

vardar-pelister-11

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top