Селекторот на Белорусија, Александaр Хацкевич, го објави списокот од 22 фудбалери на кои ќе смета во подготовките за квалификацискиот натпревар против Македонија во Минск што се игра на 12.октомври.
Три дена претходно Белорусите им гостувааат на Словаците и иако ги загубија сите шанси за пласман на Европското првенство, селекторот се одлучи да го изведе најсилниот состав.
Беросусија ќе ја нагости нашата репрезентација со Алексадар Хлеб кој сега како ветеран настапува за Бате Борисов и за интернационелецот од Малага, Егор Филипенко.
На списокот на селекторот Хацкевич се најдоа следните фудбалери:
голмани: Андреј Горбунов (Атромитос), Јуриј Жевнов (Урал), Сергеј Черник (Бате Борисов)
одбрана: Денис Полјаков (Бате Борисов), Игор Шитов (Мордовија), Александр Мартинович (Урал), Сергеј Политевич, Роман Бегунов (Динамо Минск), Егор Филипенко (Малага), Михаил Сиваков (Зорја), Максим Бордачев (Томск)
среден ред: Сергеј Кислјак (Рубик Казан), Станислав Драгун (Крилја Совјетов), Тимофеј Калачев (Ростов), Александр Хлеб, Игор Стасевич (Бате Борисов), Ренан Брешан (Рио Аве), Павел Нехајчик (Томск), Антон Питуло (Газијантеп), Сергеј Баланович (Амкар)
напад: Николај Сигневич, Михаил Гордејчук (Бате Борисов)ѐ
На првиот натпревар одигран во Скопје на арената „Филип Втори“ Белорусија славеше со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.