| четврток, 6 декември 2018 |

Ин мемориам: Почина вардаровата легенда Петар Шулинчевски

sule

Денеска е тажен ден за македонскиот фудбал и за вардаровата армија на навивачи по веста дека почина Петар Шулинчевски, една од најголемите легенди на македонскиот фудбалот и на Вардар.

Популарниот Шуле е дел од вардаровата златна генерација што го освои југословенскиот куп во 1961 година со победа од 2-1 против Вартекс во финалниот меч во Белград. Од родниот Ресен замина во Битола, а во 1956 година потпиша за Вардар. „Црвено-црниот“ дрес го носеше цели 12 години и за Вардар одигра 317 натпревари на кои постигна 190 голови. Потоа замина во САД и играше за Чикаго Мустанг. По завршувањето на кариерата беше тренер на Вардар, во еден период и на првиот тим, а потоа и во младинската Академија на клубот. Шулинчевски е роден во 1938 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top