Свадбата на Северина и Игор Којиќ медиумите веќе ја прогласуваат за балканска венчавка на деценијата. Сепак, пред нив на пиедесталот кога станува збор за гламурозни венчавки дефинитивно е Лепа Брена која имаше спектакуларна прослава уште во почетокот на 90-те години.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се венчаа во 1991 година во тогаш најлуксузниот хотел во Србија, белградскиот „Интерконтинентал“. На свадбата присуствувале над 500 гости, најбројни биле естрадните и спортски ѕвезди, а кум им беше Борис Бекер. Брена носеше венчаница од Диор, а тоа беше најголемата и медиумски најактуелна свадба во историјата на Југославија. И по две децении тие се уште се заедно.
Со помала, но сепак гламурозна веселба Здравко Чолиќ во 2001 година се ожени со долгогодишната девојка Сандра.
– Сите мислеа дека станува збор за скриена камера, затоа што свадбата ни почна уште во 5 часот наутро, Долго време бевме во врска, па на крајот мораше да се пресече, или да се земеме или да раскинеме – рекол Чола.
Меѓу најбогатите хрватски свадби е онаа од 2008 година на Моника Kравиќ и Марио Мамиќ, синот на првиот човек на Динамо Загреб Здравко Мамиќ. Невестата носела фустан од Валентино во вредност од 8.000 евра, а само храната коштала 30.000 евра.
На свадбата како изненадување пееле Томпсони Мишо Коваќ, а секој од нив за тоа добил по 50.000 евра.
И Николина Пишек имаше венчавка од соништата. Водителката во 2013 година се омажи за српскиот бизнисмен Видоје Ристовиќ.
На церемонијата присуствуваа околу 70 најблиски пријатели, а двојката на вечна љубов се заколна во Монте Карло. Водителката носеше венчаница која ја купила од Њујорк, а бизнисменот црн костим “Ланвин” и патики.
И свадбената прослава на Новак Џоковиќ минатата година беше прогласена за свадба на деценијата.
Тенисерот и неговата долгогодишна девојка Јелена го кажаа судбоносното „да” на плажа на Свети Стефан, пред матичар у 140 гости. Парот сликите од венчавката ги продаде на еден британски магазин, а парите ги донираа во хуманитарни цели.
Тука се и големите судбносни денови на нашите домашни познати дами, како што се Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Маја Сашек..
Прва на листата е онаа на манкененката Маја Сашек која во јуни се омажи за фотографот Дејан.
Двојката направи мала, но оригинална свадба на плажа во Грција, а во моментов чекаат принова.
Летово свадба направи и Тамара Тодевска. Познатата пејачка се омажи во бела долга венчаница потпишана од Мила Кадриу.
Двојката организираше забава во ресторанот на екскошаркарот, а на неа присуствуваа голем број на колеги и музичари. Весна Петрушевска, Роберт Билбилов, Катарина Ивановска, Нина Јанева, Наде Талевска, Пере…беа само дел од познатите гости.
Веста за свадбата на Елена Ристеска одекна како гром од ведро небо. Нејзиниот тогашен дечко Бојан по само една година врска ја побара раката на пејачката, а прославата ја направија во еден познат хотел во Скопје.
На свадбата беа запазени сите традиции, а невестата ја земаа од дома со лимузина и свирачи. И покрај тоа што на големо се шпекулираше дека парот е пред развод, тие се уште се заедно.
Извор: vecer.mk/24sata.hr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










