Унгарскиот тим Пик Сегед се покажа како тврд орев за македонскиот шампион Вардар и по првиот дел има нерешен резултат, 11-11. Вардарци одлично го почнаа мечот поведоа со 3 гола разлика, но имаа предност само до 15. минута, кога гостите предводени од извонредниот голман Сиера ја презедоа иницијативата. Шпанскиот голман на голот на Пик Сегед нанижа 8 одбрани и претставуваше голема пречка за домашните стрелци. Сиера бранеше импресивно, а гостите водеа до самиот финиш на првиот дел, кога Циндриќ израмни на 11-11. Мечот се игра во СРЦ „Јане Сандански“ и е во рамките на второто коло од ЛШ.
Фото: Ѓ. Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.