| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со пресврт го победи Работнички, Попов јунак на „црвено-црните“

vardar-rabotnicki-10

Горан Попов погоди во последен момент во третата минута од судиското продолжение за вредна победа на Вардар против Работнички од 2-1 во градското дерби од македонската Прва Лига.

Левиот бек на Вардар најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Работнички и постигна гол за триумф што го остава шампионот во игра за одбрана на титулата. Во првиот дел Баже Илиоски му донесе преднот на Работнички, а на стартот од вториот дел Филип Ивановски израмни на 1-1. Попов се најде на вистинското место во 93 минута за победа на Вардар, екипа што играше со фудбалер помалку од 82. минута по исклучувањето на Ромеро.

vardar-rabotnicki-12

Со триумфот „црвено-црните“ останаа на второто место со 20 бода, зад Шкендија која го победи Силекс со 3-1 и остана лидер на табелата со 21 бод.

Резултати: Вардар – Работнички 2-1, Шкендија – Силекс 3-1, Металург – Ренова 1-0, Младост – Шкупи 0-2, Брегалница – Турново 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top