| четврток, 6 декември 2018 |

Сити тргна со поразите, Тотенхем го декласира лидерот со 4-1

Манчестер сити тргна со поразите и нанижа два несупеси по ред во Премиерлигата по стартните пет победи. Попладнево во премиерниот меч од седмото коло во Премиерлигата Сити загуби во Лондон од Тотенхем со 1-4, иако водеше со 1-0.

Кевин Де Брујн постигна гол во 25. минута и се потоа беше во знакот на белата боја на Тотенхем. Даер, Алдервирлд, Кејн и Ламела ја погодија мрежата на Кабалјеро за вредна победа на Тотенхем од 4-1. Сити остана лидер со 15 бода, а Тотенхем се проби на петтата позиција со 12 бода.

kejn

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top