| четврток, 6 декември 2018 |

Седлоски: Среќни сме, но не летаме во облаци

sedlo

Вардар е победник во Суперкупот на Македонија, по триумфот на пенали против градскиот ривал Работнички. Третиот куп е во витрините на „црвено-црните“, а стратегот Гоце Седлоски ја освои првата титула со Вардар.

– Среќни сме секако со освоената титула. Очигледно беше дека и двете екипи не сакаа многу да ризикуваат, калкулирајќи малку и со составите и со играта. На крајот пеналите пресудија. Но, нема летање во облаци затоа што веднаш не очекуваат нови предизвици за неколку денови во првенството – рече Седлоски.

Освоената титула на противникот ја честиташе и тим-менаџерот на Работнички, Игор Ангеловски.

– Честитки на Вардар за освоениот Суперкуп. Иако на оваа средба им дадов шанса на некои помлади фудбалери задоволен сум од нивниот ефект. Во израмнет натпревар дојдовме до пеналите, но на крајот само ’лотаријата’ пресуди Вардар да дојде до трофејот – истакна Ангеловски.

Вардар ја освои втората титула во Суперкупот на Македонија во третото издание на ваквите мечеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top