Македонскиот шампион РК Вардар во моментов го игра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите против добропознатиот противник од минатата сезона екипата на Монпелје.
Вардар лошо ги одигра првите 30 минути од натпревар, но сепак негативата која ја има од три голови (12-9) не е голема и може да се надева на победа која многу ќе значи за самодовербата на тимот и продолжување на апсирациите, пласман на завршниот турнир во Келн оваа сезона.
Нападот оди тешко и само со индивидуални акции може да се пробие одбраната и голманот Жерар кој веќе нанижа девет одбрани.
Според бројот на примени голови и одбраната на „црвено-црните“ е на високо ниво, но Монпелје со неколку контри дојде до пет разлика (8-3) и успеа да ја задржи до крајот на полувремето.
Тимур Дибиров на почетокот од мечот не реализираше дури четири зицери, а голманот на домаќините успеа да одбрани и два удари од седум метри, на Брумен и Дујшебаев.
Сепак во второто полувреме се очекува далеку подобра игра пред се во нападот за остварување на првата победа. Во вториот дел во игра треба да влезе и Карачиќ кој беше вистински мотор во минатата сезона.
Новото засилување Македа е најдобар стрелец во „црвено-црниот“ состав со три гола од истотолку обиди, додека Штербик е костантен на голот со девет одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.