Тренерот на РК Вардар Раул Гонзалес, одреди со кои 16 играчи ќе му се спротивстави на Монпелје во првиот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.
Единствениот кој отпатува во Франција, а нема да игра е Сергеј Горбок. Тој отпадна од планираниот состав на Раул во кој сите ќе имаат подеднакво значајна улога на теренот. Со новите засилувања Вардар доби поширока клупа, но со тоа во тимот не постои веќе статусот првотимец, или резерва, затоа што сите ќе добијат шанса да помогнат Вардар да стигне до победа.
Засега нема никаква информација за ваквата одлука на Гонзалес, да го изостави Горбок кој беше ударна игла на Вардар во нападот минатата сезона. Можеби се работи за некаква повреда, или пак тоа е само тактичка замисла.
Кај противникот ќе нема двајца важни играчи, Матје Гребиј и Вид Кавтичник кои се отсутни поради повреди. Натрпеварот се игра во 17 часот.
РК Вардар состав:
Вардар: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Карачиќ, Лацковиќ, Македа, Манасков, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.