Македонија ќе го игра последниот квалификациски меч на домашен терен во циклусот за пласман на ЕП 2016 против Украина на 9. октомври, а гледачите ќе имаат можност да го следат дуелот на „Филип втори“ арена во Скопје за цена од 100 до 400 денари.
По цена од 100 денари ќе има билети за сите 4 трибини, а најскапи се најдобрите места на Северната трибина за кои треба да се плати по 400 денари.
Македонија е последна на табелата во Ц групата со само 3 бода, додека Украина бие битка за директен пласман на ЕП во Франција. Украинците се третопласирани во нашата група со 16 бода, 5 помалку од лидерот Шпанија и 3 од Словачка, но засега се најдобрата третопласирана селекција од сите групи, со што би имале можност за директно учество на шампионатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.