Бројот на Македонците во Македонија се намалува, тоа може да се види многу лесно и во реалноста. Па така, доколку се прошетате во некои предели кои се населени со македонско население, веднаш се добива впечаток дека тие опустошуваат – пишуваат од http://mk4d.think.mk
Тоа се потврдува и со податоците на Државниот завод за статистика.
Така во 2002 година вo 141 село немало ниту еден жител, додека 445 села имале помалку од 50 жители и во сите нив живеаат 9.290 жители. Додека во 180 села живеаат помалку од 100 лица, а во сите нив заедно има 12.906 жители . Всушност, тоа се населени места во кои со години и не се раѓаат деца. Наталитетот во овие места е сведен речиси на нула, за разлика од морталитетот кој е сѐ поголем. За околу 50 години, доколку не се преземе нешто, тие ќе престанат да постојат.
За разлика од нив, селата во северозападна Македонија стануваат сѐ поголеми и не е реткост во полошкиот регион или во Скопско да се сретне села што имаат над десет илјади жители.
Пустошот што ги зафати македонските села уште во седумдесетите години продолжува со сѐ поголем интезитет. Но, сега тој пустош почна да ги зафаќа и македонските градови.
Ова не е појава што е карактеристична само за помалите општини, тоа се случува речиси и со сите поголеми општини во кои доминатно население е македонското.
Можеби звучи чудно, но и во скопските општини населени претежно со македонско население, бројот на починати и родени лица или се изедначува или повеќе има починати од родени, како, на пример, општината Кисела Вода, каде што во првите девет месеци од 2011 година имало 108 лица повеќе починати отколку родени.
Како за пример наведувам податоци од неколку скопски општини кои би требало да нѐ загрижат:
- Центар:
- Македонци родени: 450
- Македонци умрени 526 (-76)
- Албанци родени 157
- Албанци умрени 33 (+124)
2. Скопски регион:
- Македонци родени: 3634
- Македонци умрени 3820 (-186)
- Албанци родени: 2960
- Албанци умрени: 796 (+2164)
3. Аеродром:
- Македонци родени: 726
- Македонци умрени 522 (+204)
4. Ѓорче Петров:
- Македонци родени: 326
- Македонци умрени 364 (-38)
5. Чаир:
- Албанци родени: 781
- Албанци умрени: 268 (+513)
6. Арачиново:
- Албанци родени: 215
- Албанци умрени: 35 (+180)
За разлика од нив во општините Чаир имале 513 лица, во Арачиново 215 лица повеќе родени отколку починати, во првите девет месеци од 2011 година.
Овие статистики покажуваат дека Македонците за краток период би можеле да станат малцинство во сопствената држава. Ваков сооднос на наталитетот и морталитетот во различни етнички групи штети само на македонскотото население и на Македонија како држава.
Според Државниот завод за статистика, намалување на бројноста на жители се јавува најмногу во источните делови од Македонија, како и во централниот дел. Така ќе забележиме дека во Велес имаме – 171 жители Македонци, а -100 жители од друга националност (Албанци, Турци, Роми, Бошњаци), ситуацијата во општина Чашка е алармантна – соодносот е +100 Албанци, наспроти -37 Македонци.
Проблем со наталитетот се јавува и во Берово и во Пехчево. Во Берово во 2011 година се родиле 89 деца, тоа е само три паралелки во генерација, починале 137 жители, а во Пехчево се родиле 27 деца, починале 70 жители.
Овие бројки се загрижувачки доколку се земе предвид фактот дека западниот дел на државата е сѐ поброен и се расселува кон централниот и источниот дел на Македонија.
Треба да се напомене дека во источниот регион на Македонија е сѐ позачестена појавата, ромската популација под влијание на турската држава (донации, стипендии, џамии), се запишува како турско население.
Па, така ќе ги добиеме следниве бројки за Карбинци -38 македонско население, а +19 турско, Струмица -15 Македонци наспроти +118 Турци, Радовиш -38 Македонци +65 Турци, Василево +7 Македонци, + 43 Турци.
Многу скоро може да ни се случи Кичево и во други општини во Република Македонија, особено во Скопје и во околината.
За крај, гледајќи ги бројките, сѐ појасна ми е изјавата на Изет Меџити: Албанците ќе ги заменат „калашниковите“ со пенкала!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.