Шампионот на Англија, Челси продолжи со слабите игри на стартот од новата сезона во Премиерлигата и го доживеа третиот пораз во петтиот меч. Евертон беше подобар и победи со 3-1, а јунак на мечот беше Најсмит со хет-трик. Шкотскиот репрезентативец влезе во игра како принудна замена за Бешиќ во деветтата минута и се претвори во вистински херој на популарните „карамели“.
Тој стрелаше прецизно во 17, 22 и во 82 минута за нов шок за Челси. Шампионот има само 4 бода на 15. место, додека Евертон со двојно повеќе бодови е на третата позиција. Стрелец на почесниот погодок за Челси беше Матиќ во 36 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение