| четврток, 6 декември 2018 |

Германски министер среде Атина презентирал географска карта со уставното име на Македонија

 Медиумите во Грција го обвинија германскиот заменик-министер за труд за провокација откако тој извади карта со уставното име на Македонија пред очите на грчката министерка за туризам Олга Кефалојанис, јави „Нетпрес“.

karta mk grcija2

Географската карта на која е прикажана југоисточна Европа ја презентираше германскиот заменик-министер за труд Ханс Јоаким Фучел, во рамките на вчерашниот состанок со Кефалојанис во Атина. На картата Македонија е запишана со оригиналната кратенка МК.

Грчките медиуми пишуваат дека ваквиот потег на претставникот на германската канцеларка Ангела Меркел ги изненадил присутните, но грчката министерка не реагирала поради, како што велат, фактот што високиот германски функционер направил провокација пред грчките владини функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top