| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер Бо Мекејлеб повторно во „црно-белиот“ дрес на Партизан?!

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој е слободен играч по истекот на договорот со Баерн Минхен, би можел новата сезона да ја започне во „црно-белиот“ дрес на Партизан.
Со смена на управата во белградскиот тим, на чело дојде играчот на НБА и миленикот на публиката, Никола Пековиќ, кој најави големи промени во управувањето на клубот, смена на тренерското место и нови играчи кои ќе бидат квалитетни и ќе можат да ја понесат тежината на цела сезона.
Еден од нив како што пренесуваат српските медиуми е поранешниот играч на Партизан од сезоната 2009-2010 Лестер Бо Мејкелеб, кој освои тројна круна со „црно-белите“ и играше на фајнлфор турнирот во Евролигата и се вивна во еден од најдобрите плејмејкери на стариот континтент. По ова тој направи трансфери во Монтепаски, Фенербахче и во Баерн Минхен, а врвот го достигна со македонската кошаркарска репрезентација на Евробаскетот 2011 во Литванија кога го освои историското четврто место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top