Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа третиот пораз во четврото коло во рамките од групата Ц на Евробаскетот зо Загреб од Грузија со 90-75 и ја испушти првата од двете шанси за пласман во следната рунда.
Натпреварот кој избраниците на Марјан Србиновски уште пред тргнување за Загреб го сметаа за виза за осминафиналето очигледно погрешно го анализираа бидејќи Грузија ги надигра нашите играчи во сите сегменти од играта.
Нашето главно оружје, шутот за три поени овојпат затаи, но како и една од причините може да се наведе и повредата на главниот играч Војдан Стојановски на почетокот на второто полувреме.
Грузија одлично го започна мечот и по само неколку минути игра имаше предност од 12 поени (15-3). До крајот на првата четвртина Србиновски направи неколку измени и се чини ја најде вистинската петорка, кој во вистински момент погоди неколку тешки удари за да дојде до поднослива негатива од само еден поен (21-20).
Сепак агресивната одбрана над нашите клучни играчи Илиевски, Војдан Стојановски и Костоски им донесе на грузијците нова предност од огромни 15 разлика (40-25). И по ова водство нашите репрезентатици не се предадоа одиграа мотивирано, најпрвин во одбраната за лесни поени во нападот, и дојдоа до негатива од само три коша (37-40). Сепак осцилациите во играта на овој натпревар беа евидентни и дозволија противниците да отидат на полувреме со 11 разлика (37-48).
Во вториот дел неколку судиски контраверзни одлуки дозволија лесни поени од слободни фрлања за Грузијците од кои нашите кошаркари неможеа да се соземат.
Главни адути на Грузија беа екс-играчот на МЗТ, Георги Цинцадзе и Заза Пачулија, кои одиграа маестрално и кои на својата репрезентација ѝ донесоа 16 поени предност на крајот од третиот период (55-71).
Во последниот период Македонија се обиде со удари од далечина се обиде да ја намали предноста и да влезе во интерсна завршница, но тоа не се случи бидејќи нашите репрезентативци имаа очаен шут за три поени, десет погодени од 31 упатен удар.
Најефикасен кошаркар во победничкиот табор беше Заза Пачулија со дабл-дабл учинок од 23 постигнати поени и уште 13 скока, а Маркоишвили додаде уште 18 поени, додека во репрезентацијата на Македонија како најефикасни завршија Ричард Хендрикс со 14 и Бојан Трајковски со 13 поени.
Сепак тука не е се завршено бидејќи Македонија има уште една шанса за пласман во следната рунда, а таа веќе е утре во последното коло од групната фаза против репрезентацијата на Словенија која веќе е пласирана и е сигурен патник во осминафиналето.
Натпреварот започнува во 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.