Македонската кошаркарска репрезентација во четвртото коло на Евробаскетот во натпреварот да се биде или не и кој значи пласман во осминафиналето, го одигра најлошото прво полувреме досега и губи од Грузија со 37-48.
Македонските репрезентативци преимпресионирани од тежината на натпреварот играат многу лошо во одбраната каде дозволија да примат дури 48 поени. Нападот истотака не функционира добро иако постигнаа солидни 37 поени благодарејќи на давата блесоци во серија од по 13 и 10 поени. Нападот има проблем со организацијата бидејќи Србинот Кокошков кој е селектор на Грузија постави агресивна одбрана на работ на прекршок врз бековите на нашата репрезентација.
Грузија од самиот старт на го презема водството и го држеше резултатот под контрола. На моменти имаше и 15 поени разлика. Двете репрезентации играат со големи осцилации, но сепак подобро се снајде противникот кој со евентуална победа и само еден триумф во групата може да се надева на пласман во следната рунда.
Најефиксен во нашиот состав е Хедрикс со 10 поени, а солидни 20 минути имаа Костоски и Трајковски со по седум коша.
Кај Грузијците се Пачулија постигна 12, додека Цинцадзе и Маркоишвили додадоа по 10.
Да се надеваме дека во второто полувреме избраниците на селекторот Марјан Србиновски ќе ја заиграат одбраната како што умеат и каква што ги краси во текот на овој шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.