Пред почетокот на вчерашниот натпревар со европскиот шампион Шпанија признание од Фудбалската федерација на Македонија доби едно од најголемите имиња во поновата историја на македонскиот фудбал, Николче Новески.
Новески скоро се збогуваше од фудбалот завршувајќи ги и настапите во националниот дрес со 64 натпревари. Околу 30.000 присутни навивачи на националната арена „Филип Втори“ со аплауз го поздравија гестот на ФФМ и својата легенда Новески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



