Трите големи шпански фудбалски ѕвезди, Андрес Иниеста, Икер Касилјас и Сеск Фабрегас, заедно со досега стандардниот Жорди Алба ќе бидат резерви на вечерашниот меч на „црвената фурија“ против Македонија. Селекторот Дел Боске се одлучи за малку поинаква варијанта и ги остави на клупата трите ѕвезди од фудбалското соѕвездие на актуелниот европски првак.
И селекторот на Македонија, Љубинко Друловиќ изненади со неколку нови играчи, а стартери вечерва од 20, 45 часот на националната арена „Филип втори“ против фаворитот ќе бидат Брдаровски, Ашковски и Радески, како изненадувања за Шпанија.
Состави:
Македонија: Пачоски, Брдаровски, Жута, Шиков, К. Ристевски, Глигоров, Ашковски, Петровиќ, Ивановски, Хасани и Радески.
Шпанија: Де Хеа, Бернат, Карвахал, Пике, Рамос, Бускетс, Мата, Казорла, Коста, Силва, Иско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.