Репрезентациите на Исланд, Чешка и Англија веќе обебзедија пласман на фудбалското првенство на стариот континент што ќе се игра во Франција селдната година. Со домаќинот тоа се засега четирите селекции што сигурно ќе играат на ЕП.
Исланд за првпат ќе игра на ЕП и тоа е најголемата сензација, особено ако се знае дека успехот го остварија на две кола до крајот и тоа во една од најтешките квалификациски групи. Холандија и Турција беа фаворити за пласман на ЕП во А групата, но Исланд и Чешка им ги расипаа плановите. Двете селекции освоија по 19 бода од 8 меча и се недостижни на делба на првата позиција.
Во Е групата неприкосновена е Англија со 21 бод, најмногу од сите 53 репрезентации кои играат во квалификацискиот циклус. „Гордиот Албион“ маршира сигурно кон Франција и е единствената селекција со максимален учинок од 7 победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.