Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, пред вечерашното финале на Европското првенство, изјави дека ниту една екипа до сега не пронајде рецепт како да ја сопрат португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо.
– Ако постои анти-Роналдо план, никој се уште го нема пронајдено рецептот, рече Дешамп на конференцијата за новинари.
– Тој е врвен играч, посебно е сјаен во скокот. Не само што има одличен одраз, туку и знае да се задржи во воздухот… Би било добро ако го неутрализираме, мораме да го лимитираме неговото влијание. Тоа ќе биде најважно, додаде францускиот селектор.
Финалето меѓу Франција и Португалија се игра вечер од 21:00 часот.
Франциузите го играат своето трето финале на европските првенства и ќе се борат за третата титула, додека Португалија го игра своето второ финале и ќе се обиде да стигне до својот прв трофеј шампион на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Кристијано Роналдо: Не застанувам тука, сакам уште три деца