| четврток, 6 декември 2018 |

Сантош: Португалија вечер влегува во историјата

fernando-santos-euro2016

Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош е убеден дека неговите фудбалери ќе го освојат трофејот на ЕП во Франција и ќе се запишат во историјата на фудбалот.

– Многумина сметаат дека незаслужено стигнавме до финалето. Нека мислат што сакаат. Мојот тим влегува во историјата, јас тоа го знам и верувам во тоа. Верувам во квалитетите на моите избраници. Ги знам нивните можности, истакна португалскиот селектор во пресрет на завршницата на ЕП во Франција.

Токму домаќинот Франција е последната пречка за Португалците на патот кон нивниот прв трофеј на еврошампионатите.

Финалето на ЕУРО 2016 е закажано вечерва на стадионот „Стад де Франс“ во Сент Дени, во 21:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top