Шпанската репрезентација пристигна во Скопје на квалификацискиот меч со Македонија за пласман на ЕП во Франција идната година. „Црвената фурија“ има реални изгледи да патува на шампионатот, додека Македонија ги загуби и теоретските шанси за прв настап на ЕП.
„Сакаме да покажеме дека сме најдобра репрезентација во групата. Како и на секој натпревар, одиме на победа. Мора да признаеме дека за нас сѐ освен победа на натпреварот со Македонија ќе биде голема сензација“, изјави Педро. Стрелецот на петтиот гол за Шпанија во првиот дуел што „црвената фурија“ го доби со 5:1 на домашен терен против Македонија, повторно ќе биде адут на поранешниот европски и светски првак.
„Задоволни сме од тоа како одигравме со Словачка, а сега доаѓаме во Македонија по нови три бода“ – додаде Педро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



