Најдобриот репрезентативец на Македонија во денешниот дуел со Грција, феноменалниот Александар Костоски кој постигна 20 поени, истакна дека што побрзо треба да се заборави поразот од денешниот противник и сите репрезентативци да се фокусираат на утрешниот натпревар против Холандија кој е најважниот натпревар на ова Европско првенство.
– Знаевме дека ќе играме против едни од најдобрите тимови на ова првенство. Имавме добри и лоши моменти, но мора да го заборавиме денешниот меч затоа што утре го играме можеби најважниот натпревар на ЕП. Грција е една од репрезентациите кои ќе одат на медал, а ние, ќе атакуваме на две победи кои ќе не носат во наредната фаза – изјави Александар Костоски.
Во продолжение тој истакна дека иако постигнал 20 поени денеска, неможе да биде задоволен бидејќи тој заедно со соиграчите го загубиле натпреварот.
„За да бидам задоволен од себе мора резултатот да биде позитивен за нас. Чест е да се игра против ваков противник од кого можеш да научиш. За наредниот дуел кој е против репрезентацијата на Холандија, не сакам да зборувам подетално затоа што сѐ уште ја немаме завршено анализата. Вечерва ќе го направиме тоа со нашиот стручен штаб -заклучи Костоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.