| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија загуби од Луксембург со единствената шанса на домаќинот во 92 минута!

luksemburg

Македонската фудбалска репрезентација денеска во рамките од седмото коло загуби на гостувањето кај фенреџијата во групата Ц, Луксембург со 1-0. Со тоа домаќинот ја мина Македонија и ја закова на последното место на табелата со само три бода. Овој срамен пораз на „црвено-жолтите“ фудбалери е уште поголем знаејќи дека повторно реализацијата пред противничкиот гол е на многу ниско ниво.
Сепак на тоа купува и главниот судија Ли Еванс од Велс кој неопревдано поништи гол за нашиот состав, а стрелец беше
Жута по прекрасното додавање на Ибраими.
Тоа не е оправудавање за избраниците на Љубинко Друловиќ кои денеска загубија од 141 репрезентација во светот, со единствената шанса која ја создаде домаќинот и тоа во судиското продолжение.
Претходно во 85 минута, Абдурахими не успеа да ја донесе македонската репрезентација во водство, не реализирајќи пенал.
Себастијан Тил заедно со голманот на Луксембург Жуберт, беа најзаслужни за победата бидејќи двајцата одлично реагираа во последите моменти од мечот. Жуберт го одбрани пеналот на Абдурахими, а Тил успешно ја затресе мрежата на Пачовски.

Македонија и во петиот дуел во низа не успеа да стигне до победа и забележа истотолку порази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top