| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторотот на Луксембург, Холц: Сакам реванш за поразот во Скопје

luk holc

Селекторотот на репрезентацијата на Луксембург Лук Холц, по последниот тренинг на неговата селекција синоќа, е оптимист во пресрет на денешниот дуел со Македонија во рамките од квалификациите за Европското првенство.
Тој е оптимист и посакува реванш за поразот во Скопје во првиот натпревар. Холц верува дека Македонија е противник кој може да се совлада, но мора да се влезе во мечот максимално ангажирано бидејќи како и секој друг натпревар во квалификациите така и овој ќе биде доста тежок.

– Ќе треба да спомнуваме дека за нас секој натпревар во овие квалификации е тежок натпревар, а секој освоен бод е повеќе од драгоцен. Но, овој пат, мора да нагласиме дека Македонија е наша шанса за три бода. Не, дека го потценуваме противникот. Напротив. Но, сепак кога би се надевале на триумф ако не сега пред домашната публика“ – вели Холц.

Селекторот на Луксембург смета дека Македонија ќе напаѓа во желбата за триумф, а тие треба само трпеливо да ја очекуваат својата шанса.

„Ние треба да играме цврсто во средниот ред, и мудро без залетување во нападот. Логично е да оставиме противникот да ја води играта, но ние да ја очекуваме секоја укажана шанса. Во Скопје не заслуживме пораз, и затоа сега сакаме реванш со иста мера – истакнува првиот човек на клупата на Луксембург.

Натпреварот во рамките од седмото коло започнува во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top