Јамајканскиот спринтер Усеин Болт при славјето после победата на 200 метри беше соборен од еден камерман, кој го собори возејќи го популарниот „сегвеј“.
Со таквиот потег, камерманот Сонг Тао неочекувано стекна голема популарност, па денес реши да му се извини на Болт, кој покажа дека е и голем човек и вистински џентлмен.
За време на доделувањето на медалите, камерманот му се извини на Болт и му подари бразлетна која Јамајканецот ја прифати со насмевка на лицето и се пошегува:
„Сигурно Џастин Гетлин те натера да ме собориш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.