| четврток, 6 декември 2018 |

Агаси: Ѓоковиќ е фаворит на ОП на САД, но Федерер е вечен!

agasi i federer

Поранешниот најдобар тенисер на светот и еден од најдобрите во историјата на тенисот, Американецот Андре Агаси даде свое видување на престојниот и последен гран-слем годинава, Отвореното првенство на САД.
Иако Новак Ѓоковиќ не е во најдобра форма како што оценува Агаси, тој сепак е фаворит број еден на насловот. Сепак, ќелавкото предупреди дека Роџер Федерер игра одличен тенис и на 34-годишна возраст и тој е вечно фаворит за освојување на секој турнир на кој учествува.

– Неверојатен беше начинот на кој Федерер одигра минатата недела во Синсинати. Тој е вечен, нему годините воопшто не му пречат. Сепак, мислам дека Новак Ѓоковиќ останува прв фаворит за освојување на ОП на САД. На женскиот турнир, типувам на Серена Вилијамс – рече Агаси.

Роже Федерер пред неколку дена ја освои седмата титула на турнирот во Синсинати со победа во финалето против Ѓоковиќ во два сета (7:6, 6:3).

ОП на САД ќе се одигра од 31 август до 13 септември. Последниот гран-слем во сезоната има награден фонд од 42,3 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top