| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс: Понекогаш мислам дека сум лоша мајка

Американската тенисерка Серена Вилијамс се плаши дека ќе биде лоша мајка за нејзината ќерка, која е родена во септември минатата година. Спортистката призна дека таквите мисли периодично ја посетуваат.

– Минатата недела доживеав еден тежок момент, поврзан не само со мојот личен живот, туку и со професионалецот, доживеав најголем пораз од Конта. Но, мене ми доаѓаа мисли дека сум лоша мајка. Читам во статиите дека постпородилните емоции можат да траат до три години – вели поранешната најдобра светска тенисерка.

Моите пријатели, сестри, мајка, ме известија дека ова е нормално чувство. Нормално е да се чувствувате дека не правите доволно за вашето дете. Се обидувам да бидам најдобра спортистка, но сакам да се грижам за детето. Наоѓањето на вистинската рамнотежа е вистинска уметност, потенцира Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top