Кевин Де Бруин дефинитивно оди во Манчестер сити! Оваа вест вечерва ја пренесе германски „Билд“ кој тврди дека веќе се е договорено меѓу членот на Волфсбург и „граѓаните“.
Како што пишува „Билд“, Де Бруин најпрво одбил понуда на Волфсбург за продолжување на договорот вредна 60 милиони евра за пет години. Но, вечерва Волфсбург дефинитивно се „предал“ и ја прифатил понудата на Манчестер сити.
Де Бруин од вечерва е најскап играч во историјата на германскиот фудбал, и петти најголем трансфер во историјата на фудбалот. Манчестер сити на Волфсбург ќе му исплати 80 милиони евра како отштета. Поскапи трансфери од овој беа само на Бејл и Роналдо во Реал Мадрид, односно оние на Суарез и Нејмар во Барселона.
Извонредно мина и самиот Де Бруин кој со „граѓаните“ ќе потпише шестгодишен договор вреден 20 милиони евра по сезона, и ќе стане најплатен играч во Премиер лигата. За шест сезони во Манчестер сити ќе заработи 120 милиони евра, па вкупниот трансфер е 200 милиони евра.
Де Бруин нема да настапи за Волфсбург против Шалке во петок во Бундеслигата, а веќе се подготвува неговото деби во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.