Познат е идентитетот на детето кое вчера во 13.30 часот е извадено удавено од водите на Вардар во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.
– Се работи за дете што беше претходно пријавено за исчезнато од Центар за бездомници. По наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина – за обдукција, соопшти денеска МВР.
Како што е наведено во соопштението, вчера во 13.30 часот во Скопје на ул.„Кеј 13 Ноември“, било забележано безживотно тело во водите на реката Вардар. Увидна екипа од СВР-Скопје излегла на лице место, при што од Одделението на ППЗ-Скопје телото било извадено од реката.
Доктор од екипата на итна медицинска помош констатирал дека смртта настанала како последица од давење во реката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.