Во пресрет на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, издавачката куќа „Феникс“ деновиве ја објави книгата „Љубовта, убавината, славата“ од Енди Ворхол. Ова е необично и ретко издание, во кое самиот Ворхол пишува за својата филозофија.
Оваа книга го претставува славниот американски уметник преку неговите записи, размислувања и транскрипции на неговите разговори со луѓето со кои се дружел. Можеби тоа е и најдобриот начин да го запознаеме како личност бидејќи во неа не зборува само за уметноста, туку и за сето она што го интересирало во животот: славата, парите, сексот, љубовта… Во тие записи и фрагменти од разговорите го откриваме Ворхол и како бизнисмен и како уметник, но и како внимателен син кој живеел со својата мајка сѐ до нејзината смрт, но и како своевиден Оскар Вајлд, кој повеќе се крие отколку што се открива преку парадокси кои го воделе и низ животот и низ уметноста…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


