Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изработи студија наречена „Решавање на институционалните препреки за Македонците кои живеат надвор од Р. Македонија“, која соддржи предлози за решавање на проблематиките околу прашањето за глас во дијаспората.
Авторот на студијата, Гавин Копел, го анализира уредувањето на ова прашање во други држави низ светот, информира ОМД.
– Заклучокот на оваа студија е дека укинувањето или ограничувањето на правото на глас на граѓаните на Република Македонија кои живеат надвор од земјата има потенцијал да ја загрози врската помеѓу дијаспората и Македонија. Наместо тоа, Владата треба да воведе поштенско или електронско гласање, да отвори повеќе конзулати и да формира Министерство за Дијаспора, велат од ОМД.
Овие реформи, додаваат, се веќе имплементирани и испробани во низа други држави, и се имаат покажано како силни политички инструменти за зајакнување на демократијата и економијата на една нација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?