Фестивалската програма „Претпремиери“ на „Сараевскиот филмски фестивал“ ја отвори филмот „До балчак“ на Столе Попов, а дел од актерската екипа на филмот составена од Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Драган Спасов-Дац, Јордан Симонов и Дениз Абдула присуствуваше на проекцијата на филмот. Филмот „До балчак“ ја имаше својата меѓународна премиера, проследенa од многубројна публика, која во текот на проекцијата даде голем број позитивни реакции, и на крајот ја поздрави актерската екипа со громогласен аплауз и позитивни критики за последното филмското остварување на режисерот Столе Попов.
По проекцијата на фестивалскиот плоштад од медиумските претставници беа направени интервјуа со актерите што присуствуваа на проекцијата. Деновиве во Сараево присуствуваат голем број македонски учесници како дел од различни програмски секции на 21. издание на фестивалот што ќе трае до 22 август.
Во рамките на програмата за документарни филмови, по минатогодишните успешни предавања, оваа година, повторно, како дел од менторскиот кадар е македонскиот автор Иво Трајков. Преку интензивни работилници, Иво Трајков ќе им ги пренесе своите искуства и знаења во областа на документарниот филм на учесниците во оваа програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.