| четврток, 6 декември 2018 |

Хендрикс ќе биде во составот за денешниот натпревар против Венецуела

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за Европското првенство што започнува на 5.септември.
По трите победи во првите три пријателски натпревари против Украина и Израел (двапати) избраниците на Марјан Србиновски денеска на мегдан ќе излезат со репрезентацијата на Венецуела која ќе гостува во Гевгелија.
На синоќешниот брифинг со новинарите, селекторот најави и тоа денеска ќе се оствари дека на натпреварот во Гевеглија во составот ќе го вклучи и Ричард Хендрикс.
Американецот подоцна се вклучи во подготовките со националаниот состав, и затоа не ги одигра првите три натпревари.

– Хендрикс работеше напорно во изминатиот период и како што веќе најавив, тој ќе биде дел од екипата на дуелот со Венецуела. Станува збор за ривал што негува поинаков стил на кошарка од претходните противници, но тоа не треба да го смени нашиот пристап. Целта ни е да создадеме силен дефанзивен колектив, цврстата одбрана да биде заштитен знак на оваа репрезентација. Верувам дека сме на добар пат да го направиме тоа – изјави селекторот Србиновски во пресрет на денешниот натпревар.

Денешниот пријателски натпревар ќе биде последен за Македонија што ќе го одигра на домашен терен, а потоа следуваат две контролни средби со Шпанија како и пативања во Литванија и Латвија, пред настапот на Евробаскет 2015, во групата Ц во Загреб, Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top