Македонската одбојкарска репрезентација го направи најголемиот успех со пласманот во финалето на Европската лига. Синоќа во полуфиналето нашата репрезентација ја победи со 3:0 во сетови фаворизираната Естонија, која на почетокот од групата постигна две убедливи победи над Македонија.
По триумфот капитенот на македонската репрезентација Никола Ѓорѓиев изјави дека победиле затоа што играле како тим.
– Естонија е добар тим. Изгубивме од нив во првите две кола и затоа сакав да играме на завршниот турнир бидејќи никогаш немам доживеано пораз како на тие дуели, рече Ѓоргиев.
Финалето од Европската лига Македонија – Словенија се игра со почеток во 20 часот, додека во предигра за 3. место ќе играат Полска и Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.