Јовица Симовски беше незадржлив за Естонците, вистинска енигма и играч број еден во полуфиналниот дуел во Европската лига, на кој Македонија го декласира фаворитот од Северот на Европа со 3-0. Коректорот на Ајачио на магичен начин ја разбиваше одбраната на противникот и освојуваше поени како да е тоа најлесна работа на светот.
Со него разговараме пред патот за Полска, на фајналфор турнирот, а комплетното интервју можете да го прочитате во новиот број на магазинот „Република“, кој излегува вечерва од печат.
Како најава на интервјуто во кое можете да прочитате за македонскиот инает, за големиот успех на одбојкарите, за тоа зошто Јовица е меѓу последните одбојкари од својот вид и како успева да се носи со корпулентните противници, иако е висок само 196 сантиметри ќе ви ја откриеме тајната зошто го викаат „Гума“.
Од каде прекарот „Гума“. Поради еластичноста, одразот, или во прашање е нешто сосема друго?
Не тоа нема врска со одбојката и ми е прекар од детството. Ми купија гумени чизми како мал и тие ми станаа како омилена детска играчка. Со нив спиев, играв на улица, одев на свадба. Имав се, не дека немав што друго да носам, но чизмите ми станаа заштитен знак. И кога ќе ме прашаа што носам секогаш одговарав дека тоа е гума. И од таму ми остана прекарот Гума. И секако е многу порано од одбојката, така да не е поврзана со мојот омилен спорт, вели Јовица во интервју за магазинот „Република“. Прочитајте се за еден од одбојкарските јунаци со кои се гордее Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




