| четврток, 6 декември 2018 |

„Комити“ направиле хаос низ Скопје по натпреварот Вардар – Шкупи

Десетина граѓани побарале лекарска интервенција откако биле жртви на физички напад од страна на навивачите на Вардар, „Комити“ по натпреварот меѓу Вардар и Шкупи во рамките од првото коло во новата сезона во ПМФЛ.

Вкупно 12 лица настрадаа, од кои 10 жени. Невините жртви во тој момент, безгрижно се шетале по плоштадот Македонија.
Еден граѓанин од скопското село Батинци и неговиот 14 годишен братучед, се со сериозно повреди пренесени на скопските клиники.
“Комитите“ револтирани од резултатот на нивниот омилен тим, Вардар, ги навредувале албанските жители, кажувајќи им дека плоштадот Македонија не е место за албанци, а потоа и физички ги нападнале.
Разбеснетите навивачи, продолжиле со дивеењето и во Сити Мол, каде физички нападнале двајца албанци кои живееле во Белгија.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

povreda 1

povreda 2

povreda 3

povreda 4

povreda 5

povreda

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top