| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со втора победа на подготовките, декласирана и Украина во Охрид

Македонија ја забележа и втората победа на турнирот во Охрид и по Израел вчера, вечерва падна и Украина и тоа уверливо. Избраниците на новиот селектор Марјан Србиновски славеа со цели 30 поени разлика, 81-51 и потврдија дека имаат квалитет за добар настап на Евробаскетот во септември.

Македонските кошаркари ги добија сите четири периоди од играта, а најефикасни беа во третата четвртина која ја добиоја со 26-15. Добрата форма радува, а Македонија играше ефикасно во нападот и цврсто во одбраната со само 51 примен поен.

Вчера го победивме и Израел со 75-58, репрезентација со која ќе играме повторно, но во Скопје, а ни следи и пријателска средба со Венецуела во Гевгелија.

Kosarka Makedonija Belorusija 01 (Custom)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top