| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид e најзадолжена општина

Со блокирана сметка и гигантски долг Охрид цврсто го држи првото место и предничи на листата најзадолжени општини во земјава. И по основ на камати и по основ на главница вкупните долгови изнесуваат над 20 милиони евра. Од вкупните 20 скоро 13 милиони евра се за камати, но сумата не може сметководствено да се евидентира бидејќи се менува постојано, дури и на дневна основа. Тоа е поради пресметка на каматите кои ја зголемуваат за околу 10.000 евра информираат од локалната самоуправа.

Најновиот ревизорски извештај покажува дека на крајот од 2017 година, во евиденцијата на општината прикажани се неподмирени долгови во износ од 470.000 евра за кои имало судски постапки, но сѐ уште нема извршни решенија. Дополнително, по основ на извршни решенија општината има неподмирени обврски во вредност од 8,8 милиони евра. Овие суми потврдуваат дека состојбата и понатаму не е финансиски одржлива.

Градоначалникот пак уверува дека откако е на власт раздолжувањето е интензивно и трае во континуитет. За една година тој информира дека долгот се намалил за 100 милиони денари, а дополнително се заштедиле други 18 милиони денари на камата од која голем дел од доверителите се откажале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top