Ивица Димчевски е првиот кошаркар што е „вишок“ на списокот на македонската репрезентација и нема да настапи на ЕП во септември.
Македонската репрезентација вчера отпатува за Охрид, каде денеска и утре ќе ги игра првите две контролни средби, но меѓу патниците не се најде Димчевски, одлука што му била соопштена од страна на селекторот Марјан Србиновски.
– Точно е дека повеќе не сум со репрезентацијата, откако ми беше кажано дека конкуренцијата во тимот е преголема. Тоа е тоа, не би сакал дополнително да коментирам, погледите ги насочувам кон што подобра подготовка за следната натпреварувачка сезона – изјави Димчевски за спортскиот портал „Екипа“.
Македонија во првата фаза во Хрватска ќе игра со домаќинот, потоа и со селекциите на Грција, на Словенија, Грузија и Холандија во групата Ц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.