Поранешниот македонски репрезентативец и еден од најзаслужите кошаркари за историското четврто место на Македонија на ЕП во Литванија 2011 година, Лестер Бо Мекејлеб лесно може да се случи следната сезона да го гледаме и во Скопје во рамките од АБА лигата против македонскиот шампион МЗТ.
Сепак натурализираниот Македонец е во преговори во Цедевита, која сака повторно да направи сериозен состав за настапите во АБА лигата и секако во кошаркарската Евролига.
Амбициозниот хрватски првак како што јавува весникот „Вечерњи лист“, Мекејлеб е еден од двајцата најсериозни кандидати на раководството на Цедевита, заедно со поранешниот „хрватски Американец“ Донте Дрејпер, кој се наоѓа на заминување од Анадолу Ефес.
Лестер Бо Мекејлеб минатата сезона ја мина во дресот на Баерн Минхен, каде повредите го спречија да се покаже во вистинско светло. Тој во моментов е во потрага по нов клуб, па лесно може да се случи негов камбек на просторите на поранешна Југославија, откако претходно со голем успех го носеше дресот на Партизан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.