Македонските олимпијци на фантастичен начин се преставија на летната Специјална олимпијада што се одржува во Лос Анџелес, од 25 јули до 2 август. Освоија голем број медали, остварија одлични резултати.
Македонија на овие летни игри во Лос Анџелес учествуваше со вкупно 26 спортисти во четири спорта, и тоа кошарка, атлетика, пинг понг и пливање.
Првиот медал за Македонија го освои Јована Павловиќ во пливање, во дисциплината 50 метри слободен стил. Таа се закити со бронзен медал. Марио Мицковски освои златен медал во пливање, во дисциплината 25 метри слободен стил, а Стефан Трпковски се закити со бронза во истата дисциплина.
Атлетичарката Себат Ајвази освои сребрени медали на 200 метри и на 400 метри. Јулијана Петровска пак беше златна во трката на 100 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.