Во првиот од двата пријателски натпревари што денеска ги игра ФК Вардар, црвено-црните славеа над Љубанци со 2-1, резултат кој е идентичен со оној од пред неколку дена, кога ривалите се сретнаа првпат.
Головите беа постигнати во второто полувреме. Филип Петковски и Миранјан го доведоа Вардар во водство од 2-0, пред Колеќески во 73. минута да ги постави конечните 2-1.
Денес во 18 часот Вардар ќе одигра пријателски натпревар и против второлигашот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.