| четврток, 6 декември 2018 |

Судири во Хеброн во пресрет на „Денот на земјата“

Судири меѓу Палестинци и израелски сили за безбедност се случија синоќа во Хеброн на Западниот Брег, во пресрет на очекуваните демонстрации по повод „Денот на земјата“.

Секоја година на 30 март Палестинците ја одбележуваат смртта во 1976 година на шестмина израелски Арапи за време на протести против конфискацијата на палестинските земји од израелски власти.

Палестинските сили за безбедност во Хеброн истакнаа дека стотици лица учествувале во две демонстрации вчера, едната во центарот на градот, а другата – јужно од Хеброн.

Портпаролот на израелската армија изјави дека 150 Палестинци фрлале камења врз израелските сили, кои одговориле со средства за разбивање на демонстрации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top